Во случај на враќање на стоката или поврат на средствата на купувачот кои претходни ги уплатил со некоја од платежните картички, делумно или во целост, и без разлика на причината за враќање, МЕГА МЕБЕЛ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е должна да изврши поврат на средствa, што значи дека банката, на барање на продавачот, ќе ги врати средствата на сметката на корисникот на картичката или ќе ги врати уплатените средства на тековната сметка на купувачот.
Враќањето на средствата се врши со користење на истите средства за плаќање што ги користел потрошувачот во првичната трансакција.
Потрошувачот има право да се откаже од склучениот договор, односно од стоката купена по пат на онлајн нарачка, со потпишување на изјавата за откажување.
Изјавата за откажување ќе биде благовремена доколку е испратена во рок од 14 дена (без наведување на причините и дополнителни трошоци) од денот на приемот на стоката. Компанијата е должна да изврши поврат на уплатата која ја прими од потрошувачот, во рок од 14 дена од денот кога ја добил изјавата за откажување од договорот. Потрошувачот е должен стоката да ја врати на трговецот без одложување, а најдоцна во рок од 6 дена од денот кога ја испратил изјавата за откажување.
Доколку трговското друштво му овозможи на потрошувачот пополнување и испраќање на образецот за откажување по електронски пат, тој е должен да го извести за приемот на образецот без одложување во писмена форма или преку е-пошта.