БК Мебел е компанија која произведува и продава мебел на нашиот пазар веќе 25 години.
Малопродажната мрежа на БК Мебел ја сочинуваат 3 продажни салони во Скопје на следниве локации:
Можеме да се пофалиме со широк асортиман на производи од комплетно македонско производство, репро матријали за тапациран мебел, односно сите видови мебел штоф, еко кожи, спални соби, дневни соби, кујни, трпезариски маси и столици, гарнитури, регали и слично. За плочестиот мебел секако имаме поддршка од српскиот реномиран бренд Јела Јагодина.
Ние како компанија нудиме убедливо најповолни цени и врвен квалитет, како и гаранција за секој купен производ од нашиот асортиман. Од самиот почеток, нашиот фокус е усмерен кон Вас купувачите – нашите најверни пријатели. Вашата доверба е наша привилегија, а на тој начин ќе Ви помогнеме да го опремите Вашиот дом по Ваш личен вкус.
Нашата основна мисија е да станеме партнер на секој дом со најдобра и најдостапна понуда на квалитетен мебел достапен за сите купувачи во нашиот регион. Секој купувач што ќе пројави интерес да не посети со сигурност гарантираме дека ќе наиде на производи идеални за својот дом со висок квалитет достапни и конкурентни цени како и професионална услуга од нашите вработени.